| четврток, 6 декември 2018 |

150 километри за 12 минути – ултра брзо возило од иднината (ВИДЕО)

Данската компанија „БИГ“ веќе некое време го најавува својот револуционерен изум – превозно средство со коешто од Дубаи до Абу Даби, на пример, ќе се патува само 12 минути, иако растојанието меѓу тие два града е 150 километри.

Капсулата „Хиперлуп“, која својата експериментална фаза ќе ја има во Обединетите Арапски Емирати, развива до 1.100 километри на час. Идејата потекна од Елон Маск, основачот на „Тесла Моторс“, „Пеј-пал“ и компанијата за вселенски истражувања „Спејс-Икс“. Маск сепак не учествуваше во конструирањето на капсулата.

На тестовите во Лас Вегас претходно годинава, „Хиперлуп“ за 1,1 секунда постигна брзина од 187 километри на час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top