| четврток, 6 декември 2018 |

Занималните дотерани, децата возбудени: Градинката „13 Ноември“ прослави 65 години другарување (ГАЛЕРИЈА)

65 роденден на градинката „13 Ноември“ ѝ го честитаа разиграни дечиња со безброј насмевки

Со музичко-сценскиот перформанс „Дете по дете детелинка“ градинката „13 Ноември“ денеска во Македонската опера и балет одбележи 65 години од основањето, јубилеј кој означува 65 години развој, растеж и постојана грижа за децата.

gradinka-13-noemvri-65-godini-img_5775

Дотерани, важни и возбудени околу 240 деца од поголемите групи пред родителите, бабите и дедовците, учителките, воспитувачките и другарчињата покажаа дека во овој нивни дом мисијата за воспитување е, навистина, најблагородниот предизвик, исполнет со многу посветена работа, затскриени изненадувања, но и неповторливи моменти на искрено другарување, радост, среќа и меѓусебно разбирање.

gradinka-13-noemvri-65-godini-img_5660

– Градинката „13 Ноември“ 65 години им помага на најмладите генерации да го осознаат светот околу себе, да ги научат првите животни лекции за она што ги опкружува, за семејството, за пријателите, за односот кон природата, за одговорноста, за споделувањата. Со неограничена љубов и топлина, генерации на вработени беа нашата движечка сила во процесот на згрижување, воспитување и образование на децата. Со својата посветеност, својата стручност и  својот ангажман тие веќе шест и пол децении ги исцртуваат животните патокази по кои  децата ги препознаваа и усвојуваа животните вештини, кои им помагаа да стигнат до крајната цел – да се биде човек, истакна директорката на ЈДГУ „13 Ноември“, Лидија Пецева, на отворањето на свеченоста во МОБ.

gradinka-13-noemvri-65-godini-img_5714

Од еден објект изграден строго наменски за згрижување деца прерасна во модерна градинка со четири објекти  кои ги исполнуваат високите стандарди за квалитетен престој и воспитание на деца, установи кои нудат извонредно предучилишно образование, а со своите просторни услови овозможуваат развој на креативниот дух на дечињата.

Модерно, урбано и хортикултурно уредените дворови, пак, овозможуваат развој на здрава популација, прекрасно место за дружење и игра.

Вработените во градинката, истакна Пецева, се среќни што годинава се комплетната реконструкција на матичниот објект, за кој беше набавен нов мебел, теписони, санитарна галантерија, декоративни плочки, игровни и дидактички материјали, опрема, со што се создаде стимулативна и поттикнувачка средина за организација на животот и работата сообразно на возраста на децата и современ, модерен, енергетски ефикасен втор дом за сите деца од општината Центар и пошироко и од другите општини на градот Скопје.

На свеченоста беше промовирана и публикацијата „Децата од сите страни во среќна детелинка се збрани“, збирка во која се документирани активностите што се реализирале во еден подолг временски период во градинката.

Преку ова четиво наменето да послужи како водич за идните генерации, но и паметник за сите претходни и за нивниот придонес во тоа што е градинката денес, се документира и промовира стручната воспитно-образовна работа во детската градинка „13 Ноември“ во периодот од 65 години.

gradinka-13-noemvri-65-godini-img_5651

Континуирано работевме и ќе продолжиме да работиме на стручното усовршување на воспитно-згрижувачкиот кадар, на подобрување на просторните услови за претстој на дечињата кои ќе одговараат на животниот стандард и интелктуалниот, емоционалниот и социјалниот развој на секое дете. Издавањето на оваа публикација претставува еден посебен момент, момент кој одбележува еден период на посветеност, истрајност и несебичен ангажман на сите наши воспитувачи на стручниот тим како и на сите наши поранешни вработени кои придонесоа оваа публикација да го добие своето промовирање на овој посебен ден за нас, рече директорката.

Од дотраениот и руиниран објект, останаа само ѕидовите. Сѐ друго е ново, квалитетно, современо и според сите највисоки еколошки стандарди за вакови објекти.

gradinka-13-noemvri-petaloci

Градинката е на површина од 2350 квадратни метри, а децата добија многу подобри услови за престој и воспитување.

gradinka-13-noemvri-pestaloci-8

Фасадата е енергетски-ефикасна, со весели бои. Реконструирани се канцелариите, ходниците, санитариите и целосно е обновен подрумскиот простор, каде што се сместени сушара, перална и машински простории за парно.

gradinka-13-noemvri-pestaloci-9

По долги години, конечно е решен огромниот проблем со влагата, кој имаше штетни последици врз здравјето на децата и вработените.

gradinka-13-noemvri-pestaloci-5

На местото на искршениот и опасен паркет и ламинат, поставен е нов и квалитетен паркет. Градинката доби нови, нелизгачки плочки , прозорци, грејни тела и нови изолациски подови.

gradinka-13-noemvri-pestaloci-6

Според стандардите за производство и пласман на храна-HACCP, кујната е изработена според сите стандарди, а храната се доставува со лифт.

gradinka-13-noemvri-pestaloci-7

Поставени се и две рампи за децата со посебни потреби.

gradinka-13-noemvri-pestaloci-1

Градинката „13 Ноември“ е современ, енергетски ефикасен објект, реконструирана со најквалитетен еколошки материјал, а децата добија услови како од бајките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top