| четврток, 6 декември 2018 |

Од брзање СДСМ заборави да ја прикачи честитката: И Заев му честита на Трамп

Два часа откако „Република“ го објави текстот „Заев не му честита на Трамп: За премиер е потребна големина, а не ситна душа нажалена“, Заев собра храброст и му ја честита победата на републиканскиот кандидат Доналд Трам на претседателските избори во САД. Ден пред изборите во САД во ТВ-интервју Заев изјави дека навива за Соросовиот кандидат, демократката Хилари Клинтон, и се надева дека таа ќе победи.

zaev-tramp-4

Иако во брзањето заборавиле да ја прикачат честитката, за десетина минути се прибраа, се средија и ја испратија. Честитката на Заев ја пренесуваме во целост:

zaev-tramp-3

„Ви го честитам изборот за претседател на САД, долгогодишниот, голем, стратешки пријател на Република Македонија, во име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое име.

Граѓаните на САД донесоа одлука на демократски избори, преку слободно изразена волја, што е одлика на една демократска држава, какви што се Соединетите Американски Држави.

Демократијата, слободата, почитувањето на човековите права од секој аспект се меѓу темелните вредности за коишто се заложува Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и уверен сум дека врз база на овие вредности, како и досега, ќе продолжиме да ги развиваме востановените добри односи.

Иднината на Р. Македонија е во НАТО и искрено се надевам дека САД и понатаму ќе биде силен поддржувач на Македонија кон оваа стратешка цел на нашата држава“, пишува Заев.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top