Навивачите во Норвешка веќе нема да имаат проблеми при своите пиротехнички забави на трибините, затоа што норвешката влада реши да ги легализира факлите на стадионите во земјата.
Низ Европа навивачите добиваат остри санкции ако на трибина запалат факел, меѓутоа, таква нема да биде ситуацијата во Норвешка, каде Владата реши да застане зад навивачите и да ги легализира факлите кои се користат за време на пиротехничките лудила на дерби-мечевите.
На трибините навивачите ќе може да внесат факли кои се специјално изработени од страна на норвешка фирма, а исто така, пиротехничкото шоу ќе мора да се најави седум дена пред натпреварот на клубот кој е домаќин, пожарната единица и полицијата.
Во формуларот кој го дава Федерацијата, навивачката група ќе мора да ги напише имињата и презимињата на лицата кои ќе користат факли, на кои делови од стадионот ќе биде запалена факлата, како и колку долго ќе трае кореографијата. Со овој потег, норвешката Влада вели дека ќе ги намали несаканите случувања на стадион кога се фрлаат факли на терен, а лица добиваат санкции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.