| четврток, 6 декември 2018 |

Милан во невозможна мисија, ќе се обиде да направи трампа со Рома во јануари?!

edin-dzeko

Екипата на Милан сериозно се подготвува за јануарскиот преоден рок. По преземањето на новите кинески сопственици кои се очекува да го преземат заспаниот европски гигант на крајот од овој месец, се очекува „росонерите“ да бидат најактивни со доведување на големи и силни засилувања.

Тренерот на Милан Винченцо Монтела е сериозен во намерите да доведе напаѓач од светска класа, а пикот број еден е во името на најдобриот стрелец на Рома, Босанецот Един Џеко!

Овие два клуба досега одлично соработуваа со трансферите на Бертолачи и Ромањоли и во обратен правец заминувањето на Ел Шарави. Меѓутоа од управата на „римската волчица“ не сакаат да слушнат да го продадат или заменат „босанскиот дијамант“ бидејќи тој комплетно се пронајде себеси во новата сезона.

Милан има план да направи трампа меѓу Џеко и Карлос Бака и да понуди дополнителни средства, а ако тоа не се случи во јануари тогаш кинеските сопственици се подготвени да го откупат фудбалерот во летниот преоден рок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top