| четврток, 6 декември 2018 |

Металург дополнително се засили со десно крило пред дуелот со Монпелје

aleksandar-gugleta

Македонскиот вицепрвак, Металург во пресрет на дуелот со Монпелје во Лигата на шампионите донесе засилување на позицијата десно крило и тоа во името на Александар Гуглета.

Станува збор за 25-годишен ракометар, висок 193 сантиметри кој доаѓа од екипата на Војводина, а во минатото настапувал и за Црвенка и Раднички Крагујевац.

Договорот е со важност до крајот на сезоната, но со опција истиот да биде продолжен за уште две години ако двете страни бидат задоволни од соработката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top