Преселбата од Рома во Јувентус на босанскиот фудбалер Миралем Пјаниќ, предизвика голема бура на „чизмата“. Сепак тој покажа дека се работи за извонреден фудбалер на кој силна страна му се слободните удари. Откако го облече дресот на „старата дама“, почнаа и споредбите со Андреа Пирло. Сепак, италијанскиот стратег, Карло Анчелоти, кој во моментов е на кормилото на Баерн Минхен, смета дека нема место за такви споредби, затоа што Пирло според него е посебен играч.
– Мислам дека на Јувентус не им е потребен Верати, затоа што го имаат Пјаниќ во своите редови. Тие се различни играчи, но можат да имаат иста улога во тимот. Тешко му е во новиот клуб, но му треба време. За неговите квалитети непотребно е да се зборува, но мислам дека не е во ред да се споредува со еден Андреа Пирло. Тој е едноставно посебен – истакна Анчелоти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.