Синоќа во НБА лигата беа одиграни дури 11 натпревари. Најинтересен беше дерби дуелот меѓу Сан Антонио и Хјустон, бидејќи „ракетите“ и го нанесоа вториот пораз во серија на „мамузите“ на домашен терен.
Тимот на Сан Антонио Спарс го забележа вториот пораз во низа, откако најпрво беше совладан од ЛА Клиперс синоќа во доста неизвесен натпревар загуби од Хјустон Рокетс со 99-101. Момците на Грег Поповиќ во финишот на мечот имаа два можности да се изборат за продолжение, но Ленард и Алдридге ги промашија своите удари и дозволија прва победа на Хјустон по пауза од четири меча. Најефикасен кај победничката екипа беше Џејмс Харден со 24 поени, додека кај Спарси најпрецизен беше Ленард со 34 поени.
Њујорк Никс во „Медисон Сквер Гарден“ успеа да излезе како победник во големото дерби против Бруклин Нест. Гостите имаа предност сè до финишот на мечот кога Никси доминираше и на крајот стигнаа до голема победа. Кармело Ентони со 22 и Порзингис со 21 поен беа најзаслужни за оваа победа, додека кај поразената екипа центарското дуо Хамилтoн-Лопез постигна по 21 поен.
НБА резултати:
Шарлот – Јута 104-98, Орландо – Минесота 107-123, Индијана – Филаделфија 122-115, Њујорк – Бруклин 110-96, Сан Антонио – Хјустон 99-101, Вашингтон – Бостон 118-93, Атланта – Чикаго 115-107, Оклахома сити – Торонто 102-112, Феникс – Детроит 107-100, Голден стејт – Далас 116-95, ЛА клиперс – Портланд 111-80.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос во НБА: Се степаа ѕвездите на Лејкерси и Хјустон! (Видео)
-
Жена со нож нападна деца во градинка во Њујорк
-
Твитер скандал на Трамп: Не е лесно да направите Леброн Џејмс да изгледа паметно
-
Владимир Десков, Ана Ивановска Дескова и Јован Ивановски куратори од Македонија за изложбата „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“ во Њујорк