До сега сум добивал закани од анонимни повици, по смс и на социјалните мрежи, но сепак сето тоа било во некои граници во некоја нормала или сум предизвикал со нешто реакција кај некои луѓе. Но во овој случај, Бабановски со влетување во редакцијата на неделникот „Република“ и непосредно праќање порака преку друг човек дека после изборите ќе ме нашле на Дрисла, тоа е моја ликвидација, закана по живот, е далеку посериозна закана од овие што ги зборувам, претходниве, истакна Никола Србов во вечерашното гостување во ТВ Нова.
Тој при своето гостување истакна дека новиот случај е пријавен во Министерството за внатрешни работи и дека очекува расветлување на случајот во најскоро време:
– Исто така добивав закани кога беше случајот со министерот Диме Спасов, кога излегов на телевизија да прокоментирам кои подземни структури всушност делуваат во политиката, па и тие закани ги ставив онака на страна. Ова е баш директна закана и јас истата се одлучив да ја пријавам во МВР. Настанот е пријавен во МВР, се надевам дека министерството ќе се заложи да се реши и да се расветли овој случај. Покрај тоа, Бабановски ќе си добие и соодветна тужба, кажа Србов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)