По вчерашните четири, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска потпиша меморандум за соработка со уште пет граѓански здруженија и тоа: Федерацијата на фармери на Република Македонија, Асоцијацијата на земјоделци, Здружението на припадници на безбедносните сили – БЕДЕМ, Горанско друштво и Здружението на Македонци со исламска вероисповед, Скопје.
При потпишувањето на меморандумите со овие здруженија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека партијата ја има одговорноста пред граѓаните, па затоа на транспарентен начин и низ партнерски однос со различни целни групи искреира многу заеднички мерки и политики со кои што се решија многу отворени прашања и барања на граѓаните.
– Суштината на нашето делување се состои во три основни работи: прво, постоење на обемна и квалитетна програма, која подразбира прецизни рокови, и план за реализација, и затоа велиме оценувајте не според она што реално го нудиме, второ, отчетно и транспарентно работење и токму затоа нашата програма секогаш има вредност, затоа што ние ќе создадеме дела и проекти кои се дел од нашиот отчет пред граѓаните, и трето, дадениот збор се исполнува со многу работа и пожртвуваност, со чесност и принципиелност. И на тој пат ние никогаш не велиме дека сме безгрешни ниту совршени, но она што можеме со сигурност да го тврдиме е дека со целата наша енергија се трудиме да решиме што е можно повеќе проблеми и повеќе предизвици. И тука ни се важни предлозите и сугестиите на различни целни групи затоа што тој партнерски однос доведува до резултати, истакна Груевски.
ВМРО–ДПМНЕ останува главната моторна сила која го обединува граѓанското ткиво и интересите на граѓаните на Република Македонија. Константното ширење и растење покажува дека граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ препознаваат обединувачка сила која што е креатор на општествениот и економски напредок.
– Зад секој меморандум има добра основа зошто тој се воспоставува, посочи Груевски.
– Со фармерите и земјоделците соработуваме затоа што тие секогаш се и ќе останат нашиот приоритет, и кога треба да се делат субвенции, и кога треба да се даде поддршка за земјоделска механизација, да се обезбеди државно земјоделско земјиште, услови за почеток на развој на земјоделскиот бизнис, но и онојпат кога ќе бидат погодени од природна непогода, кога ќе се јави проблем со приносот, или пак ќе треба Владата да помага при пласманот. И во добро и во лошо. Најдобро знаат земјоделците дека секогаш сме први да помогнеме и се трудиме онолку колку што имаме капацитети и можности да ги решиме заеднички сите предизвици. И на овој план е направено многу, и во иднина ќе продолжиме заеднички да придонесуваме уште повеќе.
– Бранителите најдобро знаат дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш е чуварот на националните и државните интереси. Работиме и дејствуваме за заштита на државните интереси и промоција на вредностите кои ќе ни обезбедат напредок. Како партија секогаш оваа категорија на граѓани го имаат нашето почитување.
– Секако ВМРО-ДПМНЕ особено внимание посветува и на македонците муслимани кои се дел и од нашите партиски органи. Таквата отвореност и заложба за заштита на традицијата и културата како нераскинлив дел од нашата држава и народ ја надоградуваме со соработка со здруженија кои ги преставуваат нивните интереси. ВМРО-ДПМНЕ цврсто ја подава раката за сите кои се отворени за соработка, кој со своите идеи и предлози сакаат да се вградат во заедничката изградба на подобра иднина. Со сигурност можам да потенцирам дека ние ќе продолжиме заеднички и силно да работиме на обезбедување на тој напредок. Македонија мора да продолжи да чекори по патот на напредокот, заврши Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)