Со денешната промоција на нови производи без додаден шеќер во новата продавница во Градскиот трговски центар во Скопје „Виталија“ ја започнува кампањата „Помалку шеќер за повеќе здравје”. Следејќи ги препораките на Светската здравствена организација „Виталија“ започна со производство на нова линија на производи без додаден шеќер и воедно започна со намалување на шеќерот во својот асортиман.
– Како дел од кампањата „Помалку шеќер за повеќе здравје” ќе организираме и низа општествено одговорни активности. Како продолжение на проектот 5ка за Здрава Храна за кој Виталиа ја доби наградата 29 ноември од Град Скопје, наши нутриционисти ќе одржат едукативни предавања во основните училишта и градинките, со што ќе придонесеме во градење на здрави генерации, а здравите навики дефинитивно се креираат од најрана возраст. Виталиа ќе донира здрави производи без шеќер во клиниката за онкологија, СОС детското село како и на децата со специјални потреби – истакна Мариета Мартиновиќ од Виталиа.
Таа додаде дека Виталиа иако воведува новости производите ќе го задржат својот уникатен вкус и функционалност.
– Со оваа кампања сакаме да ги поттикнеме и останатите производители да се вклучат во кампањата и да го намалат шеќерот во своите продукти – порача Мартиновиќ.
За време на промоцијата се обрати и Бобан Несторовски од здружението за дијабетичари „БУВ“ кој рече:
– Виталиа отвора ново поглавје во олеснувањето на нашето секојдневие. Преку кампањата „Помалку шеќер, за повеќе здравје“ не само што ни го олеснуваат денот туку и се заложуваат да го подобрат здравјето на сите. Целта која ја имаат не е за потценување. Затоа сакаме да се заблагодариме на Виталиа за поддршката која со години ни ја даваат и која од денес ја надоградуваат со новата линија на производи – изјави Несторовски.
Виталиа ја промовира новата линија на производи пет дена пред 14 ноември, Денот на дијабетесот за време на кои организира неколку активности за подигнување на свеста на јавноста за ова заболување. Компанијата останува посветена кон креирање на здрави продукти кои ќе им помогнат на потрошувачите да изградат здрави навики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)