| четврток, 6 декември 2018 |

Ева Рас се допишува со Хилари Клинтон, ама не би ја гласала

На прашање за кого би гласала на актуелните претседателски избори во САД, српската актерка Ева Рас вели:
-Се допишувам со семејството Клинтон и со Хилари исто така. Но не сум Американка и не можам од Србија да влијаам на американските избори. Таму владее висок морал и кога се приближува денот на избори тие веќе не се јавуваат на телефон. Па дури ниту од нивната Фондација, или нивната ќерка. Веќе не ми праќаат писма. Има веќе две недели како ништо не ми пратиле – објаснува Ева Рас за српските медиуми.
eva-ras
Сепак иако се допишува со Хилари, таа не би гласала за Клинтон.
-А не, не гласам за неа. Од аспект на Србинка не можам да заземам став што би. Тие се премногу далеку, а јас премногу паметна- заклучува таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top