Хилари Клинтон, кандидатката на Демократската партија за 45-ти претседател на САД, гласаше во Њујорк придружувана од нејзиниот сопруг поранешниот американски претседател Бил Клинтон. На снимката што ја емитуваше телевизијата CNN, пред избирачкото место на кое гласаше двојката Клинтон претходно се собра толпа луѓе, коишто имаа желба да се фотографираат со својата фаворитка на американските претседателски избори.
Откако гласаше, поранешната прва дама и државен секретар Хилари Клинтон разговараше со избирачите. Притоа порача дека своето можно претседателствување го смета за „голема одговорност“ и лично за себеси и вети дека „ќе стори сé што е во нејзина моќ“ за тоа да биде што поуспешно.
.@HillaryClinton after voting: "It is the most humbling feeling" https://t.co/c8WxE0BwjS #Election2016 https://t.co/jZ9gm9KTSf
— ABC News Politics (@ABCPolitics) November 8, 2016
Нејзин противкандидат за местото во Белата куќа од Републиканската партија е њујоршкиот милијардер Доналд Трамп.
Според последната анкета на телевизиската мрежа Fox News, објавена непосредно по започнувањето на гласањето, Клинтон има предност од четири процентни поени пред Трамп. Испитувањето на јавното мнение било спроведено веднаш по објавата од Федералното биро за истраги (FBI) дека ја затвора истрагата во врска со користењето на приватната електронска пошта за службана кореспонденција во периодот од 2009 до 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)