Пред само два дена најдобриот шутер на денешнината, Стеф Кари, првпат по две години не погоди ниту една тројка на еден натпревар. Ноќва се надмина себеси и даде 13 „тројки“ во победата на Голден Стејт од 116-106 против Њу Орлеанс.
Кари беше непогрешлив на дуелот против Њу Орлеанси и погоди 13 тројки од 17 обиди, што е неповторлив резултат. Рекордот на Кари до овој натпревар беа 12 погодени удари од зад линија 7,25, со што го дели првото место на вечната листа заедно со Коби Брајант и Донејл Маршал.
Кари постигна 46 поени, од кои 39 само од „тројките“ и за првпат оваа сезона ја надмина границата од 40 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)