Огромна дупка се отвори среде булевар во близина на главната железничка станица во јужна Јапонија и доведе до прекин на сообраќајот во тој дел.
Дупката се отворила во близина на станицата Хаката во градот Фукуока на јапонскиот остров Кјушу во 5:15 часот по локално време и таа не престанува да се зголемува.
При уривањето, биле пресечени електрични кабли и дошло до прекин на електрината енергија на меѓународниот терминал на аеродромот во градот, кој е на два километри од железничката станица.
Властите почнаа евакуација на жителите на околните згради, откако се појавија информации дека може и тие да пропаднат. Во регионот се чувствува мирис на гас.
Се препотставува дека причина за инцидентот е изградба на подземна железничка мрежа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)