| четврток, 6 декември 2018 |

Прво се судрија со возила, а потоа „заиграа“ и безбол палки (ВИДЕО)

Британските медиуми објавија шокантни снимки од масовна тепачка во близина на стадионот „Вила Парк“ во Бирмингем.

Имено, на снимката направена од страна на безбедносните камери е забележана пресметката на два спротивставени кланови, сред бел ден.

Еден автомобил излета на улицата за да пресретне друг. Потоа од двете возила излегоа млади луѓе вооружени со безбол палки и слични „реквизити“.

На крајот во тепачката се вклучија и момчиња кои не беа во автомобилите, а кои исто така со себе носеа оружје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top