| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатно: Седум најморничави нешта забележани на Марс (Видео)

И додека истражувачите на Црвената планета сè уште никако да успеат да забележат “мали зелени човечиња”, на фоторафиите и снимките сепак се овековечени повеќе чудни нешта.
Ние овојпат ги издвојуваме седумте коишто се сметаат за најморничави…

Лажица

Иако наводно настанала геолошки, сличноста е неверојатна и изгледа како лажицата буквално да плови над површината.

Мистериозна жена

Некои веруваат дека се работи за дух, други пак дека се работи за статуа од некоја прастара цивилизација, додека трети сметаат дека се работи само за куп од прашина.

Неидентификувано летало

Леталото коешто потсетува на нешто што сите ние можевме да видиме во “Ѕвездени патеки”, се појави на интересни фотографии од Црвената планета, предизвикувајќи бројни теории. И иако не може да се утврди за што точно станува збор, ако дефинитивно се работи за летало, во него би можело да се сместат две или три лица.

Марсхенџ (Како Стоунхенџ)

Карпите се поставени во круг, исто како и кај земјениот Стоунхенџ. Екои веруваат дека оваа појава настанала со ерозија и делување на ветровите.

Сирена

За некои, ова изгледа како скулптура, исто како што е онаа во Копенхаген. Па дали тоа Марсовци ја колонизирале Скандинавија?

Кацига

Ако е ова и навистина кацига – тоа значи дека некогаш на Марс живееле суштества коишто имале глава слична како нашата?

Пирамида

Со големина на просечен автомобил, овој масивен облик предизвикува бројни прашања. Сепак, според големината дефинитивно не потсетува на пирамидите во Египет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top