| четврток, 6 декември 2018 |

Ван Перси се огласи по повредата

Првите вести кои стигнаа од Турција по страшната повреда на окото на фудбалерот на Фенербахче Робин ван Перси, говореа дека можно е тој да стави крај на кариерата поради веројатноста да го изгуби видот на левото око.

Тој се огласи по повредата:

-Им благодарам на сите за убавите желби по мојата повреда. Исто така големо благодарам и до лекарскиот персонал кој многу добро внимаваше на мене. Имам исеченица на капакот на окото и по утрешните прегледи ќе можам да кажам дека се е во ред. Такви работи се случуваат во фудбалот. Среќен сум што победивме, а сега следат подготовките за дербито, рече тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top