| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Груевски – Фрај: Граѓаните имаат можност да изберат меѓу концептот на градење и проекти и концептот на создавање на кризи и деструкција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски оствари средба со Торстен Фрај, пратеник во германскиот Бундестаг од редовите на ЦДУ и член на комисијата за надворешни работи на германскиот парламент.

На средбата стана збор за претстојните парламентарни избори, како и надминувањето на политичката криза. Груевски истакна дека се исполнети сите услови за одржување на изборите и дека тие се излезот во насока на надминување на кризата.

-Граѓаните ќе имаат можност да одлучат за иднината на државата и да се определат меѓу концептот на градење и проекти, и концептот на создавање на кризи и деструкција застапуван од опозицијата, рече претседателот на владејачката партија.

Исто така, на средбата стана збор за македонско–германските односи, особено за зголемениот број на германски инвестиции и нови фабики во Македонија, вклучително и евроатлантските интеграции кои преставуваат наша заедничка стратешка цел.

Торстен Фрај е германски политичар од владејачката коалиција ЦДУ/ЦСУ, a од 2013 година е пратеник во германскиот Бундестаг, каде што моментално е член на Комисијата за надворешни работи во Бундестагот, член на Комисијата за односи со ЕУ и член на парламентарната група за пријателство и врски со земјите од Југоисточна Европа. Пред тоа ја извршува функцијата градоначалникво германската покраина Баден Виртенберг.

ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ како сестрински партии се долгогодишни партнери во рамките на Европската народна партија (ЕНП), со постојана соработка на билатерално и мултилатерално ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top