| четврток, 6 декември 2018 |

Џиџи во „клубот 600“, следната сезона ќе ги сруши сите рекорди

dzidzi-bufon

Легендарниот голман на Јувентус и италијанската фудбалска репрезентација, Џанлуиџи Буфон, продолжува да испишува историја.

Тој во вчерашниот натпревар и победата над Кијево го запиша својот 600. настап во Серија А лигата, сега пред него се наоѓаат само три ѕвезди.

Апсолутен рекордер е Паоло Малдини со 647 меча во Серија А, Хавиер Занети има 615, а Франческо Тоти досега забележа 607.

Откако Малдини и Занети веќе ги завршија своите кариери, а Тоти најави дека ќе ја заврши на крајот од сезоната, јасно е дека Буфон веќе следната година ако брани константно не е повреден ќе стане апсолутен рекордер, што тоа и го заслужува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top