| четврток, 6 декември 2018 |

Добри вести од таборот на Фенербахче, видот на Робин ван Перси не е доведен во прашање

robin-van-persi

Робин ван Перси се наоѓа во стабилна состојба, а видот на левото око воопшто не му е доведен во прашање. Ова се последните информации кои доаѓаат од Турција, а се поврзани со здравствената состојба на голгетерот на Фенербахче по незгодната повреда што ја заработи по дуелот со Абдул Сисоко.

Противничкиот фудбалер го удри холандскиот голгетер во пределот на окото, по што на Холанѓанецот долго време му беше укажувана лекарска помош на теренот пред да биде пренесен со амбулантно возило во најблиската болница. Дел од турските медиуми шпекулираа дури и дека Ван Перси би можел да остане без вид на повреденото око, но последните информации се далеку пооптимистички.

Имено, Фенербахче преку своите профили на социјалните мрежи објави и фотографија како екс-фудбалерот на Арсенал и Манчестер јунајтед уште во текот на средбата се вратил на стадионот, го проследил второто полувреме и со остатокот од експедицијата на Фенер се вратил назад во Истанбул. Сега Ван Перси го очекува кратка пауза, но во таборот на турскиот гигант се надеваат дека одличниот голгетер ќе биде подготвен за настап на големото дерби со Галатасарај, закажано за 20 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top