Зад затворени врати денеска продолжува рочиштето за „Диво Насеље“.
Ќе бидат презентирани транскрипти и извештаи од посебните истражни мерки на Управата за безбедност и контраразузнавање, поради што судењето ќе се одвива зад затворени врати, далеку од очите на јавноста.
Судскиот процес против 29 обвинети во случајот „Диво Насеље“ почна во февруари годинава. На почетокот на јуни, целиот процес почна одново откако Обвинителството со овој случај го спои и предметот „Молња“, во кој осум лица се обвинети дека обезбедувале логистичка поддршка за кумановската група.
Крвавиот настан се случи на 9 и 10 мај, животите ги загубија осум припадници на специјалните полициски единици, а 37 беа ранети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.