Во натпревар од 14-тото коло во швајцарската суперлига, фудбалерите на Лугано беа поразени на домашен терен со 2:3 од Ст.Гален. Македонскиот репрезентативец, Езгијан Алиоски после само осум минути игра му донесе водство на Лугано, за Ст. Гален две минути пред крајот на првото полувреме да го израмни резултатот. Буњаку во второто полувреме со својот погодок направи пресврт, а Мариани повторно го израмни резултатот и му донесе 2-2 на Лугано.
Пеналот кој беше досуден во 76-та минута го пресуди победникот на овој ефикасен натпревар кога Араторе од белата точка им донесе победа на гостите.
Алиоски ги одигра сите 90 минути и сега се наоѓа на делба на првото место на листата стрелци со Шунеувли, кој исто така има постигнато 9 погодоци досега во швајцарската лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонскиот репрезентативец со „бомба“ од работ на шеснаесетникот: Алиоски повторно стрелец за Лугано (Видео)
-
Алиоски продолжува со брилијатните партии за Лугано, за осум минути постигна хет-трик! (видео)
-
Алиоски номиниран во изборот за „Златните 11“ на 2016 во Швајцарија
-
Интерес од големи клубови: Скаути на Сити и Ливерпул го следат Алиоски