| четврток, 6 декември 2018 |

Газдата Дејан убиен во својот хотел: Се збогатил во Шведска, а настрада од раката на пријателот кој го вработил

 

dejan-dejancic-620x350

Угостителот Дејан Дејаниќ (51), сопственик на вилата ДНД во Нишка Бања, беше убиен вчера наутро од својот пријател, рецепционерот Дејан Јовановиќ (42), откако наводно го фатил во кревет со својата сопруга.

Дејанчиќ својот капитал го заработил во Шведска, а во Србија освен со угостителство се занимавал и со други дејности. Во убавата вила каде се случило злосторството, престојвале познати гости, меѓу кои и ѕвезди од српската естрада, а таму биле организирани и неколку избори за Мис.

vila-dnd-niska-banja-21

Засега мотивите за трагедијата не се официјално објавени, но спрските медиуми повикувајќи се на полициски извори известија дека причината поради која убиецот изгубил глава и се решил на ваков чекор, било тоа што сопственикот на вилата го фатил со својата сопруга.

niska-banja-2

За потсетување, рецепционерот Дејан Ј. во саботата наутро со два куршуми испукани во сопственикот Дејаниќ, го усмртил на лице место, по што се забарикадирал во вилата и не сакал да излезе. По неколкучасовната драма, полицијата го изнесе на носилки откако самиот си пукал во слепоочница, а сега лекарите се борат за неговиот живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top