Ние од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го имаме својот глас. Жените од ВМРО-ДПМНЕ сме силни жени и затоа и сме најсилната женска организација во државава и пошироко. Гласот на жените во Република Македонија веќе одамна се слуша. А и гласот на жените во Република Македонија, за волја на вистината е вреднуван многу повеќе од претходно. Нашата идеја, мисла и мисија ја слушнаа сите од нашата држава, истакна претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, на годишната конференција.
– Ние, жените, во минатото имавме можност да избереме две опции, посветеност, наспроти индиферентност кон она што се случува во нашата татковина. Ние ја избравме посветеноста. Ние одлучивме да работиме за иднината на оваа држава, за иднината на Република Македонија. Но, за ова беше потребна храброст, беше потребна волја, беше потребна пожртвуваност. Оваа преполна сала, оваа позитивна енергија сведочи дека на Унијата на жени никогаш не и недостасувале посветеноста, храброста и успехот и покажува дека на овој начин се сака државата, Р. Македонија, рече Рангелова.
Таа им изрази благодарноста на сите жени од унијата за тоа што одвојуваат од своето време за да се насочат кон активностите на унијата.
– Годините зад нас се години на огромни вложувања во сите сфери каде што како Унија сме се посветиле, сме поттикнале, охрабриле, помогнале, обновиле, иницирале, оствариле. Сите овие години силната мотивација која ја носиме во себе како обврска за нашите семејства и идните генерации воопшто не се намали, напротив нејзиниот интензитет се повеќе се зголемува. Како резултат на ова ние сме дел од сите општествени промени. Го почитуваме мислењето и дадените идеи на секоја наша членка, прифаќајќи ги како потенцијал за натамошно унапредување и усовршување во секој сегмент. Ние како УЖ на ВМРО-ДПМНЕ дискутираме за постојните законски решенија, даваме идеи за нови, го втемелуваме својот потенцијал во многу наши проекти, рече Рангелова.
Таа посочи дека со цел да се зајакне структурата на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ биле организирани бројни обуки, конференции, семинари, трибини, работилници и најразлични тренинзи.
– На тој начин УЖ во своите редови има обучени кадри, подготвени непосредно да ги практицираат своите вештини во реализирање на своите активности, рече Рангелова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Рангелова до Тунтев: Вашите пратеници не знаат за какви закони ќе гласаат
-
Рангелова: Пратениците од СДС биле уморни, не знам од што се изморија кога збор не кажаа во Собрание
-
Рангелова: Под итно да престане прогонот на вработени во администрацијата кој го врши СДС (Видео)
-
Рангелова: Госпоѓо Шекеринска, плашете се народот да не ве осуди за предавство на државата