| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсена опасна група: Косовци поврзани со Албанци и со Македонци планирале терористички напади на Балканот

uapseni

Седум членови на Исламска држава кои завчера беа уапсени во Косово, планирале терористички напади на Балканот, објави Јавниот обвинител на Косово.

Антитерористичката полиција ги уапси овие лица во три различни градови, а потоа судот во Приштина им определи по 30 дена притвор.

Тие имале контакти со лица од соседните држави, од Албанија и од Македонија, а уште неколку осомничени уште се на слобода. Според наводите на Обвинителството, биле поврзани со Лавдри Мухакери, самопрогласен командант на Албанците во Сирија и во Ирак, од кого добивале инструкции за нападите.

– Тие подготвувале терористички напади на подрачјето на Балканот, но прво во Косово. Цел им биле неколку различни објекти, но и безбедносни институции – соопштија од косовското јавно обвинителство.

Според досега познатите податоци на косовските власти, околу 300 жители на Косово отишле да војуваат за Исламска држава, а уште околу 200 се досега уапсени поради наводни врски со џихадистите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top