| четврток, 6 декември 2018 |

И Најчевска се бунтува: Листите на Заев не ги минаа нејзините црвени линии

Не спласнуваат жестоките реакции на опозициските поддржувачи откако СДСМ ги објави листите за престојните избори на 11 декември. Освен Ванковска, Јадранка Костова, Борјан Јовановски, Ивор Мицковски, сериозна забелешка има и Мирјана Најчевска, која во статус на Фејсбук напиша дека има црвени линии кои не може да ги премине

 

Евидентното незадоволството и разочараноста во опозициските редови по објавувањето на листите на СДСМ засега последна го искажа универзитетската професорка и отворен поддржувач на политиките на СДСМ, Мирјана Најчевска, која порачува дека има некои црвени линии кои нема намера да ги помине.

„Ферид Мухиќ на листа? Тоа е оној кој се изјасни за забрана на абортусот? Па ќе ги погледнам кандидатите добро.Има накои црвени линии кои немам намера да ги поминам дури ни во име на рушење на мафијата. Бараме промена а не замена“, напиша Најчевска.

najcevska

Претходно, незадоволна од изборот на Заев, Софија Куновска поднесе оставка од местото претседател на Градската организација на СДСМ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top