| четврток, 6 декември 2018 |

Нови гласови со стари и компромитирани кадри – СДСМ врие од незадоволство

%d1%81%d0%b4%d1%81%d0%bc2

Стари и компромитирани кадри на листите на СДСМ, кои се рецепт за згрижување на пајташите на Заев и луѓето од неговиот клан. Членството реагира и коментира дека е разочарно и се чуствува изманипулирано. Оние кои долго време ја подржуваат партијата и се на секој поголем простест кој го организирала партијата се чуствуваат изневерени. Со компромитирани кадри не може до фотеља, велат тие.
Носител во првата изборна единица е Стево Пендаровски, кој народот го нарекуваше и навредуваше стока. Дополнително, тој беше човекот кој како прв човек на ДИК ги легализираше фалсификатот со кој Црвенковски стана претседател на изборите во 2005та година.

На листата во првата изборна единица е и Дамјан Манчески кој беше во центарот на скандал каде извлекувал пари од општината Куманово  и нивниот градоначалник Дамјановски правејќи матни тендери кои завршувале на српска фирма, чиј што контакт е токму Дамјановски.
На истата листа се најде и еден од предводниците на платеничката револуција на СДСМ платена со соросовите пари Павле Богоевски со што само паднаа маските дека се работи за било каква самостојна граѓанска иницијатива туку параван зад кој стои СДСМ и парите на СОРОС. Со тоа СДСМ со име и презиме се легитимира дека стои зад секој уништен објект и инцидент направен од платеничката револуција на СДСМ.
Дека има грубо мешање на полицијата и нејзини злоупотреби за партиски цели говори и фактот што Оливер Спасовски кој е сдсмовскиот министер за врантешни рабпоти ќе биде носител во втората изборна единица. Тоа значи дека освен тоа што ја командува полицијата спасовски ќе ја води кампањата директно на СДСМ во втора изборна единица. Дополнително со ова сдсм си поплукува на се она што претходно го говореше дека наводно се залагале за одвојување на полицијата и мвр. Со ваквиот потег само се стави печат на сите хајки и местенки кои ги правеше полицијата, предводена од Спасовки, почнувајчќи со фабриката за фалсификување пасоши организирана од нивниот член Чаушот па се до последната криминално полициска местенка на Спасовски направена врз министерот Диме Спасов.
СДСМ во Ѓорче Петров, Бутел, Чучер Сандево и во останатите општини од втората изборна едница ќе бара гласови со албанскиот радикал Мухамед Зекири чија задача ќе биде да ги убедува граѓаните дека СДСМ и Заев се тие кои ќе исполнат двојазичност во целата држава. На листата е и советникот на Црвенковски, Ферид Муќиќ кој е дел од таа сдсмовска искмопромитирана матрица.
На истата листа е и некредибилната Фросина Ременски по чија заслуга доцнеа платите, направи хаос во центрите по работа и која има повеќе тужби за злоупотреба на функцијата од бројот на работни денови во мтсп.
Во третата изборна единица ќе се трка Љупчо Николовски од Крива Паланка кој му е десна рака на аферашот Зоран Заев и него шеф на кабинет. Николовски ќе остане запаметен по класичното непознавање на земјоделието и неговите излети по земјоделските посеви.
Во четвртата изборна единица иако има негативно мислење за него носител ќе биде Зоран Заев човек со десетици криминални афери зад себе, човек кој е снимен на камера како бара мито од 200 илјади евра и тоа под плаштот дека сакал да се гради црква во Струмица, човек кој додека ја раководи општината има зад себе десетици криминални тендери кои завршуваа во џебот на стрикото, снаата, братот. Заев во “четворка“ значи и бегање од директно соочување и мерење сили со Никола груевски и е најдобар показател за поразот за кој СДСМ знае дека ќе дојде, па го става Заев на место каде смета дека ќе им донесе најмногу глсови иако е срамота да не игра во “кец“ лидерот на опозицијата.
Втор на листата е Хари Локвенец, типичен транзициски олигарх од редовите на СДСМ, кој досега ги загуби сите изборни циклуси вклучително и катастрофален пораз на последните локални избори.

Во петата изборна единица носител е Радмила Шекеринска жената која е синоним за сите неуспешни политики на СДСМ, Стар транзициски кадар од првите денови на СДСМ, чиј сопруг треба да одговара поради перење пари по обеледунавање на случајот кога  4 стана си ги издаваше сам на себе и влечеше вртоглави суми на пари . Дополнително за одлепеноста на народот говори и скандалот кога Шекеринска беше фатена како се луксузира на јахта под грчко знаме, и никогаш не обеледени дали се работи за нејзина сопствена јахта.
Немајќи каде откако прошета низ сите изборни единици, во шестата изборна единица носител ќе биде Петре Шилегов кој никогаш не објасни како се стига во време на режим каков што тој опишува до два стана вредни 150 илјади евра

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top