Владо Георгиев е поинаков човек откако стана татко!Музичарот не ја симнува насмевката од лице, срдечен е со сите и почна отворено да зборува за својот приватен живот.
Владо признава дека е среќен што неговата наследничка по изглед не повлекла на него, посебно што го нема неговиот нос.
-Да се биде татко е супер. Се уште не и менувам пелени на ќерка ми, но на Милица секоја вечер и помагам околу бањањето. Софија личи на мене, но нема нос на мене, што е многу добро – вели Георгиев со насмевка.
Владо вели дека нема да запре на едно дете. Што порано сака уште наследници!
-Нема чекање, веднаш иде и друго дете!Тоа нависиитна е нешто највредно во животот – искрен е Барба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.