Шарбат Гула позната како „Девојчето од Авганистан“ која го красеше еден од најпрочуените броеви на магазинот Национална Географија, е прогласена за виновна за фалсификување на документи и нелегален престој во Пакистан. Затоа е осудена на 15 дневен затвор по што ќе биде депортирана. Според адвокатот, судот одредил и парична казна од 1.100 долари.
Само на еден ден откако и беше одбиено барањето да се брани од слобода, на Гула и се слошило и била хосппитализирана во Пешевар, но детали за нејзиното здравје не се соопштуваат. Ги почитуваме законите и ја плативме казната, соопшти авганистанскиот конзул во Пешевар, кој објави дека во понеделник таа ќе се врати во Авганистан.
Според информациите од фотографот Стив Мекари, Гула била среќна за враќањето дома, а државата и обезбедила нова куќа, чии што клучеви по нејзиното враќање во Кабул лично ќе и ги врачи претседателот Ашраф Гани.
Нејзините роднини за медиумите раскажуваат дека Гула планирала да се врати во селото на татко и во Авганистан уште пролетта, но тоа било целосно уништено од ИСИС.
Организацијата „Хјуман Рајтс Воч“ посочува дека од 1 јули Пакистан е дом за 370.000 бегалци од кои регистрирани се само 200.000. Тие ќе се придружат на еден милион внатрешно раселени Авганистанци кои се борат да преживеат во земјата растргната од конфликтот и ужасната беда, велат од групата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија