Разузнавачката служба на германската армија открила 20 исламисти во редовите на германската армија, пренесоа медиумите. Уште 60 лица за кои постојат сомненија дека се исламисти во Бундесверот се под набљудување.
Медиумите тврдат дека исламистите сметаат дека е „атрактивно” што некои од нивните поддржувачи служат под знамето на Германија бидејќи тоа им дозволува да научат да ракуваат со оружје.
Министерката за одбрана Урсула фон дер Лејен предложи до јули 2017 година да се воведе ново законодавство кое ќе дозволи секој нов кандидат кој има намера да прави кариера во армијата да мине низ детални тестови. Бундестагот, германскиот Парламент, следната недека ќе го разгледа овој предлог.
И во август годинава беше откриено дека 24 нови војници во Бундесвер се исламисти а 19 беа отпуштени. Триесет екс војници, според медиумите, заминале да се борат во Сирија и Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.