| четврток, 6 декември 2018 |

Патници украдоа такси – сами се одвезоа кон Неготино

Вчеравечер околу 21.30 часот од центарот во Кавадарци, две засега непознати лица побарале такси услуга од Ѓ.Т.(25) од Кавадарци до с.Пепелиште, кој бил со автомобил „сеат кордоба“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија.

Кога стигнал кај Пепелишки мост лицата насилно го изнеле од возилото, физички го нападнале, му го одзеле возилото и се упатиле кон Неготино.

Во 22.10 часот од страна на полициски службеници возилото било пронајдено на ул.„Индустриска“ во Неготино. Увид на лице место извршила екипа од ПС ОН-Неготино. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top