| четврток, 6 декември 2018 |

Убиецот се заклучи, полицијата преговара – злосторничка драма во вила

Во српскиот град Нишка Бања од доцна синоќа се одвива вистинска драма, пренесуваат тамошните медиуми. Во вилата „ДНД“ се случило убиство, а убиецот се забарикадирал и со него преговара полицијата.

На местотот на настанот врие од полиција, пожарникари и Брза помош, а главната улица е блокирана.

Наводно сопственикот на вилата е убиен од страна на работник.

Убиецот се уште се наоѓа во објектот во кој е направено злосторството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top