Во Авганистан како и во повеќето исламски земји прасечкото месо не се јаде од религиозни причини. Според едно толкување забрането е дури и да се дпира живтното. Затоа е разбирливо свињите во оваа земја да не се одгледуваат и повеќето луѓе всушност никогаш не виделе прасе.
Популарноста на прасето Канзир почива на тие факти. Тој е единственото прасе во Авганистан и се наѓа, секако во зоолошка градина.
Во Кабул дошол заедно со женката во 2002 година од едена кинеска зоолошка градина, но таа настрадала во 2014 година.
Неговиот чувар Шад Барат вели дека одамна се спријателиле.
Сепак, во 2009 година Канзир бил во опасност, кога влдеела епидемија на свински грип. Го спасил карантин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.