Користејќи техники за генетски инженеринг, кинески научници создале 12 „low-fat“ прасиња. Имаат за една четвртина помалку масти од обичните примероци и подобро се справуваат и со надворешните и со сопоствените температури.
Имено, научниците успеале да премостат еден природен недостаток на свињите, генот со кој повеќето цицачи кои него го имаат, поефикасно од нив ја регулираат телесната температура. Свињите го немаат, па трупаат сало за да се справат со ниските температури.
Научници се сложуваат дека откритието може да им заштеди милиони долари на одгледувачите на свињи заради кратење на трошоците за затоплување и храна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.