| четврток, 6 декември 2018 |

Прва победа на Чилиќ над Србинот: Новак испадна, Мареј на чекор од тронот

Марин Чилиќ влезе во дуелот со Новак Ѓоковиќ во Париз без ниту една победа и дури четиринаесет порази од српскиот ривал, но денеска успеа да го совлада светскиот рекет број еден и да ја прекине негативната серија во меѓусебните дуели.

908009163581cc09b2f02f235222572_w640

Хрватот успеа прв да направи брејк, Ѓоковиќ го врати, но во десеттиот гејм Чилиќ ја искористи втората сет топка за 6:4 и најава за изненадувањето во „Берси“.

Вториот сет донесе израмнета борба до 4:4, по што следуваше брејк на Ѓоковиќ и брз одговор на Чилиќ, по што двајцата се консолидираа и го одвеа сетот во тај-брејк. Србинот стартуваше со мини-брејк, следуваше серија од четири поени по ред за Чилиќ, со што тој рутински го приведе кон крај сетот (7:2) и мечот за голема победа за себе, но и за Енди Мари.

1676083860581cc87be32d8466742787_w640

Елиминацијата на Ѓоковиќ значи дека евентуалниот пласман на Британецот во финале ќе го одведе на првото место на АТП листата.

Чилиќ во полуфиналето за противник го има Џон Иснер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top