| четврток, 6 декември 2018 |

Страшни сцени во Турција: Полицијата пука кон Курдите со боева муниција

Турската полиција користела боева муниција при растерувањето на Курдите кои што утринава се собрале во голем број откако турските власти започнале со апсење на курдските пратеници.
Министерот за надворешни работи на Германија, Франк Валтер Штајнмајер, денес повика турски дипломати од турската амбасада на разговор по повод апсењето на неколку претставници на главната прокурдска партија во Анкара, пренесуваат западните медиуми.Како што пренесуваат медиумите, Германија ги предупредува турските власти дека борбата против тероризмот не би смеела да се користи за „замолчување на опоицијата“.

Неколку партии од Европскиот парламент остро го осудија апсењето на 12-те прокурдски политичари поради нивното одбивање да сведочат за злосторствата поврзани со терористичка пропаганда.Претставичката на „Зелените“, Хелга Трупел вели дека турскиот претседател Реџеп Таип Еродган ја враќа турската нација во „деспотизмот“ и ја повика Европската Унија остро да реагира поради таквите постапки на турските власти.

Претходно денес високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини ги повика на состанок амбасадорите на ЕУ во Анкара.

Турските власти уапсените политичари ги обвинува за поврзаност со курдската милитантна група Работничка партија на Курдистан, која што САД, ЕУ и секако Турција ја сметаат за терористичка организација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top