Целата македонска јавност вчера виде до каде се подготвени да одат политичко–криминалните структури на СДСМ. Целата македонска јавност се увери дека СДСМ политиката ја гледа само како поле на кое што со конструкции и црни сценарија ќе се манипулираат граѓаните. Целата македонска јавност повторно на дело ја виде деструкцијата на аболицираниот Зоран Заев и неговите најблиски соработници. Сега секому му е јасно дека случајот со Диме Спасов е класична криминално–полициска местенка. Сега секому му е јасно дека СДСМ го бараше министерството за внатрешни работи заради реализација на ваквите местенки и злоупотреба на полицијата во партиски апсолутно партиски цели, изјави Драган Данев на прес-конференција.
Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата на Данев
Чаушите во СДСМ на чело со аболицираниот Заев одамна го окупираа СДСМ. Аболицираниот Зоран Заев наметнува политика која се базира на местенки, насилства и подметнувања. Чаушите во СДСМ на чело со аболицираниот Зоран Заев проценија дека треба да се склучи пакт со криминалците кои го нападнаа министерот Диме Спасов, да се прикрие нивното насилство и да се организира медиумски линч на Диме Спасов. За реализација на ваквото сценарио беше задолжен токму оној кој не успеа да ја прикрие Фабриката за афери на Захир Бекири – Чауш, генералниот секретар Оливер Спасовски, кој аболицираниот Заев го постави за технички министер во МВР. Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски не беше сам во оваа конструкција. Тој го ангажираше партискиот послушник Примислав Димовски и неговите соработници во алфа единицата за изведување на оваа операција. Тие беа на иста страна со криминалците додека вперуваа оружје кон министерот Диме Спасов.
СДСМ е должен да одговори кои се криминалците кои стоеја зад алфите, се потсмеваа и им дофрлаа додека овие со оружје се закануваа кон Диме Спасов? Која е целта на нивното присуство таму и која е цената на нивниот ангажман.
СДСМ и медиумите кои им се под контрола цела недела ја лажеа јавноста, изнесувајќи неточни информации под палката на генералниот секретар во МВР. СДСМ и медиумите под нивна контрола се исмеваа и ги манипулираа граѓаните дека Диме Спасов измислувал напад, а дека криминалците кои го гонеле биле негови жртви. Срамно и недолично и за партијата и за медиумите под нивна контрола. Стандардите ги спуштија до самото дното. Сега целата јавност виде дека судар немало, а полицијата вперува оружје.
После снимките кои вчера излегоа во јавноста никој во земјава не се чувствува безбедно. Сите видоа дека веќе нема полиција, додека СДСМ раководи со министерството. Сите видоа дека криминалците и луѓето на Оливер Спасовски повторно се на иста страна. Сите видоа дека за сопствената безбедност мора да се грижат сами, бидејќи фокусот на СДСМ и нивниот генерален секретар е конструирањето афери, монтирањето случаи и соработката со криминалци. Се наметнува прашањето кого следи полицско – криминалното подземје на СДСМ и кој е следната жртва што ќе ја одберат.
Оливер Спасовски, Примислав Димовски и остатокот од партискиот тим на аболицираниот Заев во МВР мора да си заминат од таму. Само така ќе се врати безбедноста и довербата во полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Им рекле дека ќе им ги скршат мобилните телефони: „Алфи“ им се заканувале на гласачи во Бутел
-
Локалните избори 2017 беа најнерегуларните во историјата на независна Македонија (Видео)
-
Данев: Мерките на црната тројка се антиреформски, инвестициите наместо во Македонија, ќе завршат во соседството
-
Данев: Додека економијата паѓа и стандардот се намалува, Заеви се богатат