Јавноста со право се прашува зошто Зоран Заев молчи после скандалозната зделка со која неговиот братучед Трајче Заев за само 20.000 евра станал сопственик на 22,25% од стρумичκиот κонфеκцисκи гигант „Герас Цунев“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Очигледно дека кланот Заеви не сакаат да одговорат како е можно за цена со која реално може да се купи само гарсониера од 25м2, да се купи таков имот, индустрински погони и деловни простории од вкупна површина од 7.396 м2 за само 20.000 евρа. Конфекцискиот гигант „Герас Цунев“ има деловен објект од 73м2 на улица „Благој Мучето“ бр.4 во Струмица и помошни простории на улицата „Гоце Делчев“ со површина од 65м2 и 82м2 и деловен простор од 53м2 на Кеј на револуција бр.5, Струмица. Само овие деловни објекти вредат најверојатно десет пати повеќе од сумата 20 илјади евра која ја платил Трајче Заев и со која се стекнал со речиси четвртина од вкупната сопственост на имотот. А каде се индустриските погони, а каде се останатите деловни објекти, а каде се дворното место на „Герас Цунев“. Сето ова Трајче Заев го платил малку поскапо од џабе, истакнува Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.
– Додека економијата паѓа, додека стандардот се намалува, додека опаѓа индустриското производтсво и просечната плата, Заеви се богатат. Дали после 100 дена власт Заеви се уште се богати 6-8 милиони евра или можеби вредноста им рипнала. Граѓаните гледаат и лесно може да проценат за што работи владата на СДС и Зоран Заев. Ваквата недомаќинска работа ќе биде казнета на 15-ти октомври од граѓаните, кои на СДС и на Заев ќе му испорачаат катастрофален пораз кој ќе биде вовед во предвремени парламентарни избори, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.