Синоќа Манчестер јунајтед загуби на гостувањето во Истанбул од Фенербахче со 2-1 во рамките од 4. коло од Лига на Европа, но денес секој фан на „црвените ѓаволи“ го чека исходот од повредата на Пол Погба.
Најскапиот фудбалер на светот поради повреда мечот го заврши во 30. минута, а по првичните прегледи направени утрово се вели дека Погба сигурно нема да настапи на дуелот против Свонси.
Засега не е познато кога ќе биде подготвен за враќање на терените, но секако оваа вест е уште една во низата лоши вести за Мурињо и фановите на најтрофејниот англиски клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.