| четврток, 6 декември 2018 |

Шестото издание на Недела на дизајнот во Скопје (Skopje Design Week) почнува на 23 ноември во „Јавна соба“

Шестото издание на Недела на дизајнот во Скопје (Skopje Design Week), кое годинава ќе се одржи од 23 до 27 ноември во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ (Public Room) во Скопје, влегуваат во финалната фаза.

„Skopje Design Week“ е мултикултурна платформа фокусирана на дизајнот и иновациите со цел да ја поттикне креативната индустрија во Македонија и на Балканот. Во таа насока главната програма на Неделата на дизајнот во Скопје го задржува веќе испробаниот рецепт на повеќеслојна платформа која овозможува промоција, презентација, едукација, кулинарство и забава. Основниот сегмент на „Skopje Design Week“ се изложбите, презентациите и работилниците и, секако, уникатна музичката програма до доцните часови.

12768262_1762149157337217_4044774874460679662_o

Со мото „Blooming Makers“ (Млади брендови во подем) на шестото издание на „Skopje Design Week“ фокусот ќе биде ставен на Главната изложба, на која се претставуваат главно млади дизајнери и дизајнерски студија кои храбро, мудро и креативно се борат за своето место на пазарот. Нивното главно оружје, покрај инвентивните продукти и дизајни, се широкиот круг пријатели, максималната употреба на интернетот и социјалните мрежи во ширењето на информациите за сопствените продукти и директниот пристап до купувачите, со што ја минимизираат потребата од дистрибутери и агенти за продажба. На тој начин микрокомпаниите се натпреваруват со етаблираните брендови и нивните дистрибутери.

detski-rabotilnici-2

Покрај Главната изложба, просторот во „Јавна соба“ ќе биде исполнет и со производи од актуелната дизајн-сцена во Австрија, која годинава е Земја во фокус, додека со патувачката изложба „Young Balkan Designers“ во Скопје ќе допатуваат 15 креации на младата дизајнерска сцена од Балканот.

eplay-band

Од музичките настапи на сцената во „Јавна соба“ ги најавуваме за првпат во Скопје концертите на српските групи „E-Play“, „EYOT“ и „Dingospo Dali“. Своја вечер ќе имаат и македонската група „Џун“ и диџејот Master Flow од Суботица, Србија.

e-play-maja-cvetkovic

Српската музичарка и член на белградската група „E-Play“, Маја Цветковиќ, која ја направи селекцијата на групите, потенцира дека станува збор за групи кои негуваат различни музички жанрови и дека нејзината селекција е базирана на современиот пристап, музичката иновативност и добриот звук.

-Сакавме да се приближиме до основната идеја на Skopje Design Week и да бидат покриени повеќе музички жанрови. Групата ’EYOT‘ е претставник на српската џез-сцена, ’E-Play‘ има прогресивен современ звук што спојува повеќе музички правци, додека ’Dingospo Dali‘ е претставник на новата српска сцена, објаснува Цветковиќ.

12768262_1762149157337217_4044774874460679662_o

 

Оваа година програмата ќе биде дополнета со три работилници за деца. Работилницата „Фабрика за игри“ е возбудлива програма за игра и создавање на нови детски изуми и инсталации. Тематиката на работилница е слободно изразување на креативноста на децата без какви било ограничувања и правила. Оваа работилница ќе има две групи за различна возраст. Првата група е за деца од 4 и 5 години, а втората група за деца од 6, 7 и 8 години. Работилницата „Магијата на абакусот“ има програма која е прилагодена и за деца од предучилишна и училишна возраст, додека работилницата за илустрации е за деца од 7 до 12 години. Со работилниците ќе раководи Јулија Ѓорќевиќ, учителка за детски изуми и инсталации.

Неделата на дизајнот во Скопје е синоним на иновативноста, креативноста, вкусната кујна и доброто расположение поттикнато со прогресивен и современ звук.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top