ФИФА ја изрече казната за Албанската фудбалска федерација за свирежите на македонската химна, употребата на пиротехнички материјали и транспарентите со политички пораки од страна на албанските навивачи за време на квалификацискиот натпревар за пласман на СП 2018 меѓу Албанија и Македонија кој се играше на 5. септември во Скадар.
Албанија доби казна од 50.000 швајцарски франци, плус, како што стои во одлуката, и последна опомена пред далеку поголема казна доколку слични ситуации се повторат во иднина. Казната е поради свирежите за време на интонирањето на македонската химна, фрлените пиротехнички средства кон трибината каде беа сместени македонските навивачи и истакнатите транспаренти од Голема Албанија.
Дуелот во Скадар, како што е познато, се играше во два дена поради прекинот во 76. минута по силното невреме кое го зафати градот на северот од Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.