Џесика Палашоска деновиве се одмора во Дубаи каде ги полни батериите за претстојните работни ангажмани. Познатата фолкерка за „Вечер“ вели дека е воодушевена од убавините на Емиратите, а вниманието и го привлекол еден шеик со кој се запознала во дискотека.
– Уживам во Дубаи и сум воодушевена од луксузот со кој изобилува ова место. Нема зборови со кои може да се опише оваа убавина. Ми годи и вниманието кое го добивам затоа што Арапите се луди по русокоси. Пред некоја вечер бев излезена во една дискотека и се запознав со згоден шеик од кој добив покана да одиме на вечера. Ја прифатив со задоволство, па ќе видиме што ќе се случи. Сакам да се омажам во Дубаи, зошто да не – изјави фокерката за „Вечер“.
Џесика престојот во Дубаи ќе го искористи и за да направи нова провокативна фотосесија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.