Полицијата го обезбедува заворот во Охрид, како и објектите на СВР Охрид од како попладнево во градот, како што ексклузивно објави Охрид1, беа донесени терористите кои се товарат за терористичкиот напад во кумановската населба Диво Насеље.
Попладнево центарот на Охрид беше блокиран од полициски сили, додека траење транспортот на терористите, а на клучните локации низ кои поминуваше конвојот со возила , транспортирањето го обезбедуваа спeцијалци опремени со панцири и огнено оружје.
Ваквото блокирање на Охрид предизвика голем интерес кај граѓаните, а нестивнуваат ни коментарите по социјалните мрежи посебно од како нашиот медиум објави дека во градот се довезао терористите кои го тероризираа Куманово.
До овој момент прес службата на охридската Полиција која е исклучително активна во меидумите со активности во градинки и основни училишта, не се има огласено со официјална информација до граѓаните за тоа дали во Охрид се довезоа терористите од Диво Насеље.
извор Охрид 1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)