| четврток, 6 декември 2018 |

Носи качкет, не го допира споменикот и не пали свеќа – мистериозен маж на гробот на Јелена

jelena-krsmanovic-marjanovic-spomenik-grob-ubistvo-borca-pevacica-foto-zor-1472459816-980047

На денот кога се изнесуваа седум месеци од смртта на пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, мистериозен маж бил на нејзиниот гроб.

Соседите и блиските на семејството на убиената пејачка на Гранд, велат дека откако поминале шест месеци од смртта, семејството се поретко доаѓа.

– Доаѓаат со автомобил, откако почина и мајка и ретко доаѓаат од семејството на сопругот – вели сосетката.

Таа додава дека некој сепак доаѓа. Тоа бил мистериозен маж, кој секогаш има качкет на главата.

– Ќе дојде, ќе застане пред гробод, ќе поседи некоја минута и ќе замине. Никогаш не донел цвеќе, ниту запалил свеќа, ниту пак го допрел нејзиниот споменик – додава таа.

Јелена беше убиена на 2 април на насипот кај Борча.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top