Лица со дебели криминални досиеја, со двоцифрен број на кривични дела и одлежани затворски казни минатата недела го нападнале и бркале дополнителниот заменик министер за труд и социјала Диме Спасов.
Тешки кражби, насилства, тепачки со оружје се меѓу делата за кои одговарале лицата од групата која сакала да се пресмета со Спасов. Овој податок фрла нова димензија на случајот од минатата недела за кој проопозициските портали и активисти преку социјалните мрежи објавуваа бројни дезинформации со цел дискредитација на Диме Спасов, пренесува „Сител телевизија“.
На ова се надоврза и партиската изјава на СДСМ преку портпаролот Шилегов со што овој случај стана дел од црната политичка кампања.
МВР пак во првиот извештај до јавноста воопшто не ја споменува криминалната група а и наши извори наведуваат дека и самата постапка која ја води е со низа намерни пропусти. И додека МВР пласира недоречености во јавноста, медиумите блиски до СДСМ ја туркаа информацијата за наводната „алкохолизирана состојба” на дополнителниот заменик министер која е неутврдена.
Круцијално во целиот случај е што надлежното министерството тенденциозно пропушта да истакне дека Спасов бил следен од осудени криминалци кои позади себе имаат досиеа за тешки престапи и тоа:
- Даут Динарица кој во полициското досие имал дури 39 тешки кражби, тешки кривични престапи и прекршувања на законот. Ова лице било осудено за насилство, предизвикување тепачка користејќи оружје. До 26.8.2016 издржувал казна според 236 член 3 за кражба на предмети односно тешка кражба од големи размери кои според КЗ предвидена е казна затвор од 3 до 10 години. Екстрадиран од Шпанија.
- Омер Аџами кој има дури 16 криминални дела за тешки кражби и помагање во други кривични дела
- Учесник во криминално-полициската акција бил и извесниот Етем Абаз кој е со полициско досие за загрозување на јавен ред и мир, осуден за физички напади, тепачка. Во претходна постапка МВР му ја одземала дозволата за управување со возило.
- Рафет Ќазими
Во саботата порталите блиски на опозицијата информираа дека наведените лица дале изјава во полициска изјава дека не го бркале, ниту го виделе Спасов ноќта кога се случувал настанот.
Во целата конструкција се добива впечаток дека заканите кон Спасов, обидите за физичка пресметка како и можните мотиви на оваа криминална група се затскриваат и во постапувањето на надлежните служби во МВР во расветлувањето на случајот.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вчера во изјава за медиумите истакна дека сите информации околу овој случај се речиси готови и дека законите ќе важат за сите подеднакво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)