Турција ѝ се закани на Европската унија дека ќе го стопира Договорот за бегалците и пред крајот на оваа година, доколку Брисел наскоро не ги исполни барањата на Анкара и не ги укине визите за турските државјани за патување во ЕУ.
– Нашето трпение е при крај – изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлљт Чавушоглу во интервју за швајцарскиот весник „Ное Цирхер Цајтунг“.
– Чекаме одговор од ЕУ овие денови. Доколку не стигне, ќе ја откажеме Спогодбата, предупреди Чавушоглу.
Турција, според него, реагирала на барањата на Брисел и подготвила измени на својот закон за борба против тероризмот, што ЕУ го постави како еден од критеримите за визна либерализација.
– Се придржуваме кон договорот со ЕУ и очекуваме тоа да го стори и Европа. Доколку тоа не се случи, ќе ја суспендираме Спогодбата со ЕУ и во таа област – додаде тој.
На прашањето кога може да се случи тоа, Чавушоглу изјави дека Турција веќе претходно го споменувала крајот на октомври како можен рок.
– Секеко нема да чекаме до крајот на годината – нагласи шефот на турската дипломатија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.