| четврток, 6 декември 2018 |

Николиќ ќе го менува Матиќ на тренерската функција во Карпош Соколи?!

dragan-nikolic

Управата на Карпош Соколи по лошите резултати оваа сезона реши да преземе сериозни мерки во клубот и прв на отстрел беше тренерот Синиша Матиќ.
Си замина еден Србин, а друг ќе го преземе кормилото на македонскиот претставник во АБА – лигата. Синиша Матиќ се раздели со раководството на „соколите“, а доаѓа Драган Николиќ, досегашен стратег на Младост Земун од српскиот шампионат.

Како што најавува српски „Блиц“, Драган Николиќ веќе се поздравил со кошаркарите на Младост Земун и во текот на утрешниот ден треба да пристигне во Скопје, да го одржи првиот тренинг со Карпош Соколи и да го води тимот во наредното коло од АБА – лигата, в понеделник кога „соколите“ му гостуваат на ФМП. Се разбира, ова е само најава, која треба да биде потврдена од самиот клуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top