| четврток, 6 декември 2018 |

Нема грешка во насловот: Боно Вокс прогласен за „Жена на годината“ и никој не сфаќа зошто

Познатиот пејач Боно Вокс се најде на листата за избор на „Жена на годината“ на списанието „Гламур“, a стана и прв маж во историјата кој ја доби оваа титула.

Боно се најде на листата поради неговиот активизам за еднаквост на половите, а како пример за неговата борба, „Гламур“ ја наведе последната кампања „Сиромаштијата е сексистичка“, со која музичарот предупредува на проблемите со кои се соочуват жените што живеат во сиромаштија.

– Јас сум сигурен дека не ја заслужувам оваа награда, но многу сум благодарен и сакам да кажам дека битката за еднаквост на половите не може да биде добиена ако покрај жените не застанат и мажите, рече Боно.

Корисниците на социјалните мрежи не се многи среќни со овој избор, па на Твитер веќе почнаа исмевања на сметка на Боно: „Јас сум многу збунета. Што Боно сега е жена?“, „Кога барем во светот би имало вистински жени кои би можеле да се наградат“, „Затоа што богатиот белец многу му недостасуваат признанија… биле дел од коментарите.

Освен Боно, титулата „жена на годината“ ја освоија и олимпијката Симон Бајлс, потоа Наѓа Мурад, која преживеа мачење на ИД, основачите на компаниајта „Животите на Црнците се важни“, како и актерка и активистка Зендаја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top