| четврток, 6 декември 2018 |

Зидан: Чуден натпревар, водевме со 2-0, а на крај извлекувавме бод

zinedin-zidan

Реал Мадрид не успеа да ја победи Легија на гости во Варшава, иако се играше пред празни трибини. Дури „кралевите“ мораа да спасуваат бод во финишот, откако Легија надомести негатива од два гола и поведе со 3-2. Сепак, Ковачиќ ги постави конечните 3-3 на овој дуел.

Тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан, ја презема одговорноста за ова реми, истакнувајќи дека неговиот тим сепак направил многу грешки кои допрва ќе бидат анализирани.

– Беше ова многу чуден натпревар. Водевме со 0-2, а на крајот е добро што не загубивме. Јас сум виновникот за ова реми. Промашивме многу шанси, но и дозволивме да примиме три гола. Ова не смее да се случува. Направивме многу грешки и ќе треба добро да ги анализираме – изјави Зинедин Зидан по ремито (3-3) против Легија во Варшава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top